Ачех: Индонезија повлекува 24 илјади војници

Индонезија денеска го започна повлекувањето на дваесет и четирите илјади свои војници од провинцијата Ачех. Тоа е дел од мировната спогодба со бунтовниците кои пред неколку го предадоа оружјето. Двете страни изразија уверување дека станува збор за траен крај на триесетгодишните меѓусебни судири во кои загинаа над петнаесет илјади луѓе, главно цивили.