Свет: Последната минута во 2005 ќе трае една секунда подолго

Последната минута од 2005 година ќе трае 61 секунда. Американскиот Национален Институт за Стандарди и технологија соопшти дека Новата Година ќе започне една секунда подоцна така што стартот на 2006 ќе биде одложен за прв пат по седум години. Според научниците, таа секунда е потребна поради промените на земјината ротација. Оваа екстра секунда ке биде вкалкулирана во атомските часовници ширум светот согласно координираното универзално време.