Москва: Сергеј Иванов ја предупредува Украина

Рускиот министер за одбрана Сергеј Иванов денеска ја предупреди украинската влада дека секоја промена на условите под кои Русија ја користи поморска база на Крим, би можела да предизвика пограничен спор меѓу двете земји. Тој потсети дека користењето на базата е дел од меѓусебниот договор за руско – украинската граница. Украина се закани дека ќе ја зголеми цената за користење на базата доколку не биде решен проблемот со снабдувањето на Украина со гас од Русија.