Газа: Израелски хеликоптери нападнале неколку места

Израелски хеликоптери изутрината нападнале неколку места во Појасот Газа, а биле ракетирани и канцелариите на Фатах во Бејт Лахија. Нема извештаи за загинати. Според израелската армија, цел на нападот биле засолништата на бригадите Ал Акса.