Багдад: Убиени десетмина членови на ирачките безбедносни сили

Ирачките власти соопштија дека герлците во неколку денешни напади во Багдад убиле десет членови на ирачките безбедносни сили. Во вчерашните напади загинаа шест луѓе, вклучувајќи и еден американски војник. Досега во Ирак, според податоците на Пентагон, загинале над две илјади сто и шеест американски војници.