Авганистан: Уапсен осомничен бомбаш самоубиец

Полицијата во Авганистан денеска уапсила еден осомничен бобмаш самоубиец кој се обидел да влезе на територијата на Кандахар.
Четворица осомничени талибански бунтовници загинале кога мината што се обидувале да ја постават на автопатот кон Кандахар, прерано експлодирала. Како што јавуваат агенциите, во инцидентот нема други жртви, а немало ни присувство на американски трупи во таа област.