Индонезија: Зголемени мерки за безбедност поради можни терористички напади

Анти бомбашки единици во Индонезија ги проверуваат црквите, а агенти на безбедност облечени како Дедо Мраз ги истражуваат автомобилите откако властите предупредија на можни терористички напади за време на Божиќните празници. Осомничена е Џама Исламија која би можела да се одмазди за смрта на бомбашот Азахаи бин Хусин чија група беше обвинета за нападите врз црквите за време на Божиќ 2000 та година, изјави шефот на полицијата во Џакарта Фирман Гани.