Таи: Одбележување на годишнината од цунамито

Преживеаните и роднините на жртвите од минатогодишниот цунами денеска се собраа на плажата на одмаралиштето Таи за да ја одбележат годишнината од природната катасртрофа која однесе 220 илјади жртви. Церемонијата на Таи е прва од стотиците кои по овој повод се очекува да се одржат во светот. Некои погодени подрачја од Цунамито на Тајланд се уште не се опоравени и Обединетите Нации предупредија дека на многу луѓе во регионот на Индискиот Океан се уште очајно им треба помош.