Багдад: Осуммина ирачки војници загинале во напад на бунтовниците

Ирачката полиција соопшти дека во денешниот напад на бунтовниците во близина на Багдад загинале осум ирачки војници, додека дваесетина други биле ранети. Нападот бил извршен врз еден контролен пункт на патот Багдад, Киркук.