Москва: Законот за невладини организации повторно пред руската Дума

Руската Дума денеска повторно ќе го разгледува законот за невладините организации, кој предвидува нивна строга финансиска контрола. Овој Закон помина во минатиот месец, но по меѓународните критики, претседателот Путин побара да биде разгледана нова, помека верзија. Невладините организации во Русија се противат и на новата верзија.