Индија: Евакуиран парламентот поради закана за поставена бомба

Парламентот на Индија денеска беше евакуиран, а премирот Манмохан Синг е префрлен во безбедна владина зграда по анонимно јавување за подметната бомба. Исламски милитанти го нападнаа парламентарниот комплекс во декември 2001 година што резултираше со смрт на 14 лица.