Багдад: Лидерот на Ал Каеда во ирак Ал Заркави уапсен, па ослободен

Според Си Ен Ен, ирачките сили го заробиле Абу Мусаб ал Заркави лидерот на Ал Каеда во Ирак, но го ослободиле, бидејќи не знаеле за кого станува збор. Ова го изјави ирачкиот заменик министер за внатрешни работи Хусеин Камал, кој други детали не даде. 39 годишниот јорданец Ал Заркави е најбараниот човек во Ирак како мозок на нападите, убиствата и насилствата во земјата. Тој е осуден на смрт во Јордан поради убиство на американски дипломат во 2002 година. Американците понудија 25 милиони долари за информација која би довела до негово апсење.