Атина: Штрајк на вработените во јавниот превоз

Сообраќајот во Атина е блокиран поради денешниот, втор ден од штрајкот на вработените во јавниот превоз, кои протестираат против пензиските реформи во државните компании. Вчера околу два милиона вработени во јавниот, но и од приватниот сектор се приклучија на протестот, што предизвика покрај прекин на јавниот превоз, затворање и на многу училишта, банки, болници и продавници во Грција. Грчката влада е принудена на реформи со цел да се намали буџетскиот дефицит во земјата, кој според правилата на Европската Унија, не смее да изнесува над 3 насто од бруто домашниот производ.