Њујорк: Франција предлага проШирување на истрагата во врска со убиството на Рафик Харири

Франција во Советот за безбедност на Обединетите Нации предложи резолуција за продолжување и проширување на истрагата во врска со убиството на поранешниот либански премиер Рафик Харири. Според резолуцијата, истрагата би била продолжена за шест месеци поради тоа што Сирија, за која се сомнева дека стоела зад атентатот, не соработувала со истражниот тим на Светската организација.