Тел Авив: Ахмадинеџад ја повтори изјавата за преселување на Израел

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат денеска изјави дека Холокаустот претставува мит и повтори дека Израел треба да биде преслен на друго место. Говорејќи пред илјадници луѓе во јужната иранска провинција Систан Балучестан, Ахмадинеџат изјави дека ционистите на дозволуваат да се зборува против Холокаустот иако во исто време може луѓето да зборуваат против Господ. Израелското министерство за надворешни работи оцени дека овие изјави се екстремистички.