Техеран: Иран ги повика САД на тендер за изградба на нуклеарна централа

Иран им понуди учество во изградбата на нова нуклеарна централа на Соединетите Американски Држави, обидувајќи се да го запре американското спротиставување на нуклеарната програма на оваа земја. Портаролот на министерството за надворешни работи Хамид Реза Асефи изјави дека САД може да учествуваат на меѓународниот тендер за изградба на нуклеарната централа.