На рецепт нема, за пари има

Граѓаните веке се навикаа да не ги наогаат лековите кои им се потребни на рецепта односно бесплатно. И вработените во аптекитe како веке да се навикнаа велат граѓаните, да им велат имаме лекови за пари, но на рецепти не.

„Нема, едни има, едни нема“
„Ништо нема.“
„Нема, од Бит Пазар наваму, за пари има.“


Директорката на Градски аптеки Весна Огневовска вели дека вината за вкавата состојба не треба да се бара кај нив:

„Ние сме последната карика од целата дистрибуција на лекови. Она што се прави ние го правиме еден месец порано кон Фондот и добавувачите. Следната фаза е печатење на бандеролоите, а потоа тие ни носат лекови. Можам да кажам, не би било одбрана на Градски аптеки е дека ние сме последни, порачката е направена на време, но каде е проблемот не би можел да кажам,“

Објаснува Огненовоска и додава дека испораката на лекови за месец декемри започнала од вчера. Во Фондот за здравство кој е одговорен за набававка и доставувањето на лекови до Градските аптеки пак вината ја префрлаат на добавувачите кои треба да ги увезта бараните лекови

„Имаме случаи добавувачите сукцесивно да ги носат лековите. Одредени добавувачи кои имаат и аптеки, чекаат да ги продадат лековите во аптеките, па потоа да ги дистрибуираат во јавните аптеки,“

вели портапаролот на фондот за здравство Елизабета Белозелковка и додава дека тие се обидуваат да нјадат решенија со добавувачите. Во мегувреме додека фондот и добавувачите на лекови не изнајадат решение грдаските аптеки се место од каде што граѓаните често заминуваат незадоволни без лековите кои им се потребни за нивното здравје.