Чикаго: Осум лица повредени при излетување на авион од пистата

Еден американски патнички авион излетал од пистата на аеродромот во Чикаго и на соседната улица удрил во два автомобили, при што загинало едно дете, а 8 лица биле повредени. До излетувањето дошло поради снежното невереме и силниот ветер на аеродромот.