Москва: Денеска почеток на изградба на гасоводот од Балтикот до Германија

Рускиот премиер Михаил Фрадков и германскиот министер за економија Михаел Глос денеска во Русија присуствуваа на почетокот на изградбата на гасоводот од Балтикот до Германија. Илјада и 200 километри долгиот гасовод, заеднички го изведуваат рски Газпром и германски компании, а првата фаза треба да биде функционална во 2010-та година. Полска и Балтичките држави се противат на овој проект.