Авганистан: Поздравена одлуката на НАТО за распоредување трупи во земјата

Авганистан денеска ја поздрави одлуката на НАТО за зголемување на бројот на мировните сили во таа земја во наредната година. Министерот за одбрана Захир Азими оцени дека со тоа ќе биде подобрена безбедноста, а американските сили ќе можат повеќе да се концентрираат врз битката против талибанските бунтовници.