Мајами: Американски федерални агенти убиле патник во авион под сомневање дека имал бомба

Американските федерални полицајци во авион што слетал во Мајами убиле еден патник кој тврдел дека имал бомба во својата торба. Истрагата покажала дека четириесет и четири годишниот американец немал никаква бомба. Неговата сопруга претходно изјавила дека тој бил депресивен и оти не ги земал лековите. Полицајците пукале во него откако ги одбил нивните наредби и посегнал по торбата.