Багдад: Тимот на одбраната ја напушти судницата на продолжението на судењето на Хусеин

На денешното продолжение на судењето против поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин и седумтемина негови советници, тимот на одбраната ја напушти судницата. Адвокатите, вклучувајќи го и поранешниот американски државен обвинител Ремзи Кларк кој е советник на одбраната, излегоа од салата поради тоа што главниот судија не сакал да ги слушне нивните забелешки во врска со законитоста на судењето.