Багдад: Киднапиран француски државјанин

Ирачката полиција соопшти дека денеска во Багдад бил киднапиран еден француски државјанин. Прецизирано е дека станува збор за инжењер кој бил грабанат од вооружени лица. Во минатата недела во Ирак беа грабнати пет лица меѓу нив и една германка.
Во рускиот град Чусовој на Урал при уривање на покривот на еден базен загинале најмалку четиринаесет лица, додека десетина други биле повредени, соопштија локалните власти. Меѓу загинатите имало и десет деца на возраст од три до десет години. Причините за несреќата најверојатно биле брзата промена на температурата и слабата конструкција на покривот.