Лондон: Блер треба да го обелодени предлогот за буџетот на ЕУ

Британскиот премиер Тони Блер денеска треба да го обелодени предлогот со цел да се надмине ќорсокакот околу новиот буџет на Европската Унија. До ќорсокакот дојде откако во нацрт планот за наредниот петгодишен буџет било предвидено намалување на средствата за новите членки на Унијата.