Хонг Конг: Демонстрации на десетици илјади луѓе со барање за целосна демократија

Десетици илјади луѓе денеска во Хонг Конг демонстрираа барајќи целосна демократија која им беше ветена пред осум години, кога Британија и ја врати назад колонијата на Кина. Со марш по улиците, граѓаните го изразија своето незадоволство од ограничувачките реформи кои ги спроведе новиот лидер на градот. Тие бараат и промена на изборниот систем.