Багдад: Минатиот месец најмал број самоубиствени напади во Ирак

Извори на американските сили во Ирак соопштија дека во минатиот месец бил забележан најмал број на самоубиствени напади во таа земја. Тоа, според генерал мајорот Рик Линч, се должело на интензивирањето на операциите против бунтовниците и на затворањето на границата со Сирија. Од друга страна, Линч изјави дека во ноември загинале осумдесет и пет американски војници, што е најголем месечен биланс од почетокот на војната во Ирак.