Њујорк: 40 милиони луѓе заболени од СИДА

Во пораката по повод светскиот ден за борба против сидата директорот на програмата на Обединетите Нации Петер Пиот ги повика земјите членки да сторат се за спречување на ширењето на болеста од која во 2005 се заболени рекордни над 40 милиони луѓе. По 25 години епидемија Пиот рече дека е јасно оти треба да се инвестира во превенцијата на сидата и третманот на заболените лица. Сидата според извештајот од минатиот месец и натаму се шири во Русија, Украина, Централна Азија и Иран. Во Македонија годинава се регистрирани 12 нови случаји што преставува рекорд од почетокот на епидемијата. Од 1989 се регистрирани 79 Хив позитивни, од кои 50 се починати.