Охрид: Неформална средба на шефовите на дипломатии на Процесот за стабилизација и асоцијација

Во Охрид денеска и утре ќе биде одржана неформална средба на министрите за надворешни работи на Процесот за стабилизација и асоцијација на која ќе се разговара за развојот на регионалниот пазар, либерализацијата на визниот режим и соработката против тероризмот, корупцијата и организарниот криминал. Како што соопшти министерството за надворешни работи на средбата ќе учествуваат министрите од Србија и Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Албанија. Европската Унија ќе ја застапува шафицата на австриската дипломатија урсула Пласник.