Њу Орлеанс: Прв американски град со бесплатен безжичен Интернет

Њу Орлеанс, кој беше разорен од ураганот Катрина пред неколку месеци, ќе биде првиот американски град кој ќе добие бесплатен безжичен интернет. Властите веруваат дека слободниот пристап до интернетот ќе им помогне на граѓаните и на бизнисмените за побрза обнова на Њу Орлеанс.