Берлин: Прво обраќање на Меркел во парламентот

Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска го имаше своето прво поголемо обраќање во Парламентот од превземањето на функцијата. Меркел ја соопшти агендата за ревитализација на германската економија и намалување на стапката на невработеност, која изнесува 11 насто, како и новите приоритети во надворешната политика.