Вашингтон: Конгресмен поднесе оставка заради земање поткуп

Американскиот конгресмен од Републиканската Партија Ренди Канингем поднесе оставка откако ја призна вината дека земал поткуп од два милиона и четири стотини илјади долари. Канингем кој е ветеран од Виетнамската војна се соочува со казна затвор од десет години поради тоа што земал пари за да го олесни влезот на некои компании во зделките со американското министерство за одбрана.