Загреб: Посета на премиерот Бучковски

Македонскиот премиер Владо Бучковски престојува во еднодневна посета на Загреб, каде што учествува на самитот на земјите членки на Договорот за слободна трговија во Централна Европа. Се очекува на состанокот да биде потврдено членството на Македонија во овој договор кој инаку е познат по кратенката ЦЕФТА. Најавено е премиерот Бучковски да има средба и со неговиот хрватски колега Санадер.