Барселона: Средба Меркел - Ердоган

Германската канцеларка Ангела Меркел по синоќешната средба во Барцелона со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека разговорите минале во добра атмосфера и оти работите добро се одвиваат. Пред изборите во септември годинава, Меркел се залагаше на Турција да и биде дадено привилигирано членство во Унијата на што Анкара жестоко реагираше.