Барселона: Самит на ЕУ и Медитеранските земји

На самитот меѓу Европската Унија и Медитеранските земји што денеска завршува во Барцелона е во тек усогласувањето на декларацијата и на кодексот во борбата против тероризмот. Според дипломатски извори, медитеранските земји не се согласувале со дефиницијата за терирозмот. На состанокот што почна вчера учествуваат скоро сите лидери на земјите на Европската Унија, но повеќето од Медитеранските, вклучувајќи ги тука Египет, Алжир и Израел не допатуваа во Барцелона.