Кипар: Еден полицаец загинал, а 27 навивачи повредени во нереди по фудбалско дерби

Еден полицаец загинал, а 27 луѓе биле повредени во нередите на навивачите што избувнале по дербито во фудбалскиот шампионат на Кипар меѓу Лимасол и Апоел. По натпреварот, што заврши 1 спрема 1, полицијата морала да употреби солзавец и палки за да ги запре судирите меѓу навивачите.