Скопје: Марти Ахтисари од вечерва во Скопје

Специјалниот пратеник на Обединетите нации на преговорите за идниот статус на Косово, Марти Ахтисари, вечер ќе допатува во посета на Македонија. Како што е најавено, Ахтисари утре во Скопје со македонскиот државен врв ќе размени мислења за иднината на Косово.