Виена: Расправа на Бордот на меѓународната агенција за атомска енергија за Иран

Бордот на Меѓународната агенција за атомска енергија денеска ќе расправа за нуклеарната програма на Иран. Иранскиот парламент вчера изгласа закон со кој се овластува владата во Техеран да не дозволи меѓународна инспекција на нуклеарните постројки доколку спорот со иранската нуклеарна програма се најде пред Советот за безбедност на Обединетите Нации.