Вашингтон: Наскоро намалување на американските војници од Ирак, изјави Кондолиза Рајс

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс изјави дека наскоро ќе бидат исполнети условите за намалување на бројот на американските војници во Ирак. Во интервју за телевизиската станица Фокс њуз, Рајс прецизира дека тоа значи оти ирачките сили ќе бидат способни да ја преземат одговорноста за безбедноста на земјата.