Тарсус: Девет загинати во сообраќајна несреќа во Турција

Деветмина загинати и дваесетина повредени е билансот од денешниот судар на патнички воз и камион во јужниот дел на Турција. До несреќата дошло кога камионот ја преминувал пругата во близина на градот Тарсус.