Вашингтон: Средба Кондолиза Рајс и тројцата босански лидери

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс денеска ќе се состане со трите босански лидери во рамките на одбележувањето на 10 годишнината од Дејтонскиот мировен договор. Потсекретарот Николас Барнс изјави дека Вашингтон се надева оти босанските политички лидери ќе се усогласат со деталите за уставните промени пред изборите идната година што начелно ги потпишаа лидерите на 8 те најголеми партии во Босна. Меѓународната заедница бара унификација на земјата на патот кон евро-атланските интеграции. Советот за Безбедност на Обединетите Нации во меѓувреме го одобри мандатот на мировните сили предводени од Европската Унија за уште една година.