Пекинг: Џорџ Буш во посета на Кина

Американскиот претседател Џорџ Буш ја повика Кина да ја зголеми социјалната, политичката и религиозната слобода во земјата. Буш од вчера е во официјална посета на Кина, каде води разговори со кинескиот претседател Ху Џинтао кој меѓу другото ветил дека ќе работи на намалување на трговскиот суфицит во размената со Соединетите држави. Џинтао на средбата го повторил ставот дека Кина нема да толерира независност на Тајван и воедно ја прифатил поканата од Буш за посета на Соединетите Држави, на почетокот од следната година. Непосредно пред посетата на Буш, Кина соопшти дека ќе купи 70 американски авиони од типот боинг 737.