Истанбул: Едно лице загинало во експлозија на бомба

Во синоќешниот бомбашки напад во Истанбул, како што јавуваат агенциите, едно лице загинало, а дванаесет биле повредени. Бомбата била поставена во близина на еден забавен парк на западниот брег на Босфор. Се сомнева дека нападот го извршиле бунтовниците на Курдската работнича партија.