Исламабад: Кофи Анан во посета на настраданите подрачја од земјотресот во Пакистан

Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан е во посета на настраданите подрачја од земјотресот во Пакистан. По заедничката обиколка со пакистанскиот претседател Первез Мушараф, Анан оцени дека ситуацијата е трагична и го повтори апелот до меѓународната заедница за зголемување и интензивирање на помошта за преживеаните.