Куба: Фидел Кастро демантира дека е болен од Паркинсонова болест

Кубанскиот претседател Фидел Кастро ги демантира информациите дека има Паркинсонова болест, додавајќи дека никогаш не се чувствувал подобро. Кастро изјави дека ЦИА одамна пушта информации за неговото лошо здравје и оти тие што им веруваат, ќе бидат разочарани.