Тирана: Посета на претседателот Бранко Црвенковски

Претседателот на Македонија Бранко Црвенковски од денеска престојува во дводневна посета на Албанија. Предвидено е тој да се сретне со албанскиот претседател Алфред Мојсиу како и премиерот Сали Бериша. Во македонската делегација се и министерот за економија Фатмир Бесими, министерот за култура Благој Стефановски и заменик министерот за надворешни работи Фуад Хасановиќ кои со нивните албански колеги ќе потпишат спогодби за соработка во областа на туризмот и културата и за отворање на нов граничен премин меѓу двете земји.