Стразбур: Европскиот парламент бара од ЕК истрага за тајните затвори на ЦИА

Европскиот парламент побара од Европската Комисија да покрене официјална истрага за информациите дека ЦИА во тајни затвори во Источна Европа, испитува осомничени членови на Ал Каида. Комесарот за правосудство и за внатрешни работи на Европската Унија изјави дека Владите на сите земји членки треба да ги проверат таквите информации.