Белград: Резолуција на владата за преговорите за идниот статус на Косово

Владата на Србија денеска треба да усвои резолуција за преговорите за идниот статус на Косово, по што таа ќе се најде и пред Парламентот. Според најавите, во резолуцијата ќе биде наведено дека решението за статусот на Косово мора да се бара во рамките на почитувањето на суверенитетот и територијалниот интегритет на Србија.