Багдад: Кондолиза Рајс во посета на Ирак

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс денеска допатува во ненајавена посета на Ирак. Нејзината посета била држена во тајност од безбедносни причини се додека не слетала во Мосул, на северот на Ирак. Рајс изјави дека нејзина главна цел е да ги повика сунитите, шиитите и курдите во Ирак да ги надминат разликите и да сторат се за да ја стабилизираат ситуацијата пред изборите на петнаесетти идниот месец. Вчера во неколку напади во Ирак загинаа над четириесет луѓе.