Лондон: САД и Кина потпишаа договор за меѓусебна трговија со текстил

Соединетите Држави и Кина денеска во Лондон потпишаа договор за меѓусебната трговија со текстил. Со договорот се лимитира увозот на кинески текстилни производи во Соединетите Држави во наредните три години, чија вредност само во првите 8 месеци од годинава достигна над 17 милијарди долари.