Мар дел Плата: Американскиот самит заврши без договор за слободна трговска зона

Американскиот самит, што се одржа во аргентинското одморалиште Мар дел Плата, на кој учествуваа 34 држави, заврши без да се постигне договор за слободна трговска зона меѓу земјите од континентот. Лидерите на Соединетите држави, Мексико и останатите 27 земји се заложија во текот на наредната година да ги продолжат преговорите за слободна трговска зона, но пет држави меѓу кои Бразил, Аргентина, Уругвар, Парагвај и Венецуела одбија да одат понатаму со преговорите. Синоќешниот завршен ден од самитот измина мирно, по петочните жестоки демонстрации против политиката на американскиот претседател Џорџ Буш и неговиот предлог за слободна трговска зона.